Ѓоковиќ и Меси се сретнаа во Њујорк
Њујорк– Новак Ѓоковиќ реши да го искористи времето по освојувањето на мастерсот во Синсинати, а пред почетокот на Ју-ес опен за да се опушти.
Фотографијата ја објави Хорхе Мас, косопственик на Интер Мајами, тимот за кој моментално настапува Аргентинецот.
„Каква вечер“, напиша Мас во описот на фотографијата.
What a night …. 🐐🐐 pic.twitter.com/HnGsIm0HAR
— Jorge Mas (@Jorge__Mas) August 25, 2023
Ѓоковиќ се наоѓа во Њујорк каде се подготвува за стартот на последниот Грен слем сезонава.
Новак ќе излезе на теренот во понеделник, а прв противник ќе му биде францускиот тенисер Александре Милер.
– Зедов неколку дена одмор, два дена не играв тенис, тоа ми требаше. На полесен начин почнувам да тренирам со спаринг партнер за да добијам чувство за теренот и да се запознаам со условите. Имам неколку дена тренинзи, играње поени и сетови со други играчи. Собирам колку што можам повеќе енергија од Њујорк“, изјави Новак.
Ѓоковиќ последниот меч на УС Опен го одигра во 2021 година, кога во финалето загуби од Данило Медведев.