„Гес“ : Сидни Свини е новата Ана Никол Смит


САД- Сидни Свини е ѕвезда на најновата рекламна кампања на Guess, ода на покојната Ана Никол Смит.

За 24-годишната актерка во подем од филмовите “Euphoria” и “The White Lotus” -да се биде заштитно лице на американската етикета е остварен сон.

„Кога имав 13 години, бев со мајка ми, бевме во трговскиот центар“, рече Свини, повикувајќи се од сетот на „Euphoria” на HBO. „Уште од млада возраст, секогаш имав поголеми гради и никогаш не можев да најдам бренд за моите облини. И се сеќавам на првиот пат кога ги видов гигантските модели на Guess [реклами] на витрините, и си реков: „Мамо, сакам да влезам тука.“ Таму сите девојки имаа облини, и беа сакани, и беа прекрасни, а јас реков: „О, Боже, се надевам дека кога ќе пораснам ќе станам  модел на Guess“.

Свини им се придружува на Клаудија Шифер, Џиџи Хадид и Смит, која позираше за Guess Jeans во 1992 година од Даниела Федеричи.

„Се сеќавам на неа од рекламите на Guess“, рече Свини (за која исто така се зборува дека позирала за Ријана Savage x Fenty). „Секогаш кога мислам на Ана Никол Смит, мислам на легендарните црно-бели, прекрасни фотографии од „Guess “.

Рекламната кампања е снимана од Кенет Капело во Малибу, Калифорнија. (WWD)