Германија за десетина дена почнува да ги вакцинира децата и тинејџерите


Германија во јуни ќе почне да ги вакцинира децата постари од 12 години, против Ковид-19, соопшти канцеларката Ангела Меркел, за што во таа земја деновиве многу се расправаше.

Младите ќе можат да закажат вакцинација од 7 јуни, кога се завршува програмата според која пострите лица имаат приоритет, како и хроничните болни и наизложените според професијата, рече канцеларката во Берлин по видеоконференцијата со претседателите на покраинските влади.

ДО крајот на летото вакцината ќе има се понуди на сите постари од 12 години, потврди таа.

Се зависи од одобрувањето на ЕМА

Спроведувањето на таа мерка зависи од тоа дали Европската агенција за лекови ЕМА ќе одобри младите од 12 до 15 години може да се вакцинираат со „Фајзер/Бионтек“, што во САД веќе е одобрено.

ЕМА треба да ја донесе одлуката денеска.

Вакцината на „Фајзер“ досега беше одобрена само за луѓе над 16 години.

Кампањата за вакцинирање во Германија конечно се одвива според планираното.

Според податоците од Институтот „Роберт Кох“ 41 отсто од возрасните примиле барем една доза, а речиси 16 отсто и две дози.