Германија: Полицијата уби маж кој удрил во автомобили со украден багер
Германската полиција уби маж кој украл багер од градежна компанија во гратчето Грунсфелд и го користел за да удри во автомобили.
На снимката од хаосот се гледа како маж удира ровокопач во бензинска пумпа додека полицајците пукаат во него. Брзата помош безуспешно го реанимирала.
Засега нема информации кој е човекот кој го украл багерот, ниту пак за мотивите на нападот. Се знае само дека се работи за 38-годишен маж.
🚨🔥 EILMELDUNG 🔥🚨
🚨🔥 AMOKFAHRT 🔥🚨Amokfahrt mit Bagger in Grünsfeld bei Tauberbischofsheim. #amok #eilmeldung #Deutschland #tauberbischofsheim #amokfahrt @KrahMax @KaySchoenbach @MichaelKuhr @HGMaassen pic.twitter.com/wKUCe477QT
— 𝗗𝗘𝗡𝗜𝗭 𝗞𝗔𝗥𝗔𝗕𝗔𝗚 (@deniz_karabag_) December 31, 2024
Според извештаите на локалните медиуми, напаѓачот оштетил полициски возила и тешко повредил еден полицаец.
Локалната полиција соопшти дека повеќе нема никаква опасност за јавноста. Германија со недели е во состојба на готовност по терористичкиот напад во Магдебург во кој Талеб ал Абдулмохсен (50) влета со изнајмен џип во толпа на божиќен пазар и уби пет лица.