Германија не ја ограничува употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“


 Германија нема да ја ограничи употребата на вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“ поради случаи со згрутчување на крвта, изјави денеска директорот на државната комисија за вакцинација.

– Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е безбедна и ефикасна, особено кај луѓето постари од 60 години, објасни во интервју директорот на Институтот „Пол Ерлих“, Клаус Цичутек.

Тој истакна дека ризикот од згрутчување на крвта со вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е „десет пати помал“ отколку со вакцината на Астра Зенека.

– Врз основа на податоците што ги добивме од САД, произлегува дека има еден случај на тромбоза на милион вакцинирани луѓе со „Џонсон и Џонсон“, нагласи Цичутек.

Тој најави дека Постојаниот комитет за вакцини (Стико) следната недела, врз основа на нови податоци, ќе направи нова проценка на безбедноста на вакцината на „Џонсон и Џонсон“.

Во исто време, Цичутек ја поздрави одлуката на некои федерални провинции повторно да ја користат „Астра Зенека“, не само за оние над 60 годишна возраст.

– Имаме на располагање четири безбедни вакцини, рече Цичутек.

Според него, придобивките од заштитата од коронавирус кај вакцините на „Џонсон и Џонсон“ и „Астра Зенека“ се многупати поголеми од можниот ризик од тромбоза.