Германија го обвини Илон Маск за обид за мешање во изборите


Германската влада го обвини американскиот милијардер Илон Маск за обид да влијае на германските избори што ќе се одржат во февруари, преку статии што ја поддржуваат екстремната десница, партијата Алтернативата за Германија (AfD), иако тие сугерирале дека тие се “глупости”, пренесува Ројтерс.

Маск, кој ќе биде надворешен советник во новата администрација на Доналд Трамп, ја поддржа партијата „AfD“ (АзГ) како последна надеж на Германија во колумна објавена во весникот „Welt am Sonntag“ (Светот во недела), што доведе до оставка на уредникот на коментари во знак на протест.

„Навистина е така, Илон Маск се обидува да влијае на федералните избори“ стои во објава на платформата „Икс“ и со колумната, изјави портпарол на германската влада

Маск е слободен да го изразува своето мислење, изјави портпаролот, додавајќи: „Се разбира, слободата на мислење ги опфаќа и најголемите глупости.“

Маск, најбогатиот човек на светот, го бранеше своето право да се вклучи во германската политика поради своите „значајни инвестиции“, и го пофали пристапот на „AfD“ за регулација, даноци и дерегулација на пазарот.

Неговата интервенција доаѓа додека Германците се подготвуваат за гласање на парламентарните избори на 23 февруари, по колапсот на коалиционата влада предводена од канцеларот Олаф Шолц. Маск исто така повика на оставка на Шолц откако автомобил влета во маса на Божиќен базар на 20 декември, при што загинаа пет лица.