Гази Баба изготви Локална стратегија за превенција од насилен екстремизам

Гази Баба изготви Локалната стратегија за превенција од насилен екстремизам која, како што велат од локалната самоуправа, ќе биде водилка и ќе дава насоките согласно утврдените страшеки приоритети во која насока е потребно да делуваме во иднина.
– Нашата основна цел кон која мораме да сториме напор да допреме се младите и само така ќе успееме да го спречиме напредокот на насилниот екстремизам во Република Македонија, порача денеска градоначалникот Бобан Стефковски кој утрово заедно со Максим Димитриевски се обратија и споделија искуства на Регионалниот настан за размена на тема “Прекугранична соработка за градење отпорни заедници: вмрежување и размена на најдобри практики за превенција и спротивставување на насилен екстремизам и рехабилитација и реинтеграција”.
– Насилниот екстремизам како феномен добива големо внимание во меѓународната и домашната политика. Тоа се должи на зголемената свесност дека треба да се одговори на потеклото на таквата активност, а не само да се фокусираме на запирање на нападите. Во целиот спектар на современи безбедносни ризици, покрај насилниот екстремизам во секое општество се поприсутен е и примерот на радикализација во кои слоеви од младата популација прифаќаат екстремни ставови и идеи, по што го менуваат своето однесување од политички активизам до примена на насилни средства и методи, порача Стефковски и додаде:
– Во справување со насилниот екстремизам клучни се двете донесени државни стратегии, а тоа се: Националната стратегија за сузбивање на радикализацијата и насилниот тероризам и Националната стратегија за борба против тероризмот. Овие два важни документи имаат за цел да развијат ефикасни и функционални механизми за справување со актуелните закани и ризици, а истовремето тие опфаќаат и социлошки мерки како дел од така наречената – мека превенција. Државните стратегии се израз на политичката волја и подготвеноста на Република Македонија да изгради ефикасен и ефективен систем во борбата со националниот екстремизам кој води кон тероризам. Спроведувањето на стратегиите мора да се води со широк општествен ангажман не само на безбедно – разузнавачките служби туку и со учество на сите општествени чинители од политичкиот, правниот, образованиот и најважно верскиот аспект.
Стефковски потенцираше дека мора да се нагласи и важноста на Единиците на локалната самоуправа како основна клетка во функционирањето на уставниот поредок на Република Македонија. ж
Ако општините се една од клучните алки во синџирот на спречувањето на насилниот екстремизам, тогаш во самите општини тоа место го има Локалниот совет на превенција.