(Галерија) Објавени сателитски снимки од уништениот Мариупол


Цели градски блокови во центарот на Мариупол се избришани – ниво на уништување што претходно не беше забележано во опколениот украински град – покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies.

Бидејќи комуникации во и надвор од Мариупол се невозможни, сликите се првото визуелно ажурирање во изминатите неколку дена што не дошле од руската пропаганда.

Областа источно од бомбардираниот драмски театар – каде властите веруваат дека околу 300 луѓе загинале во руски напад – е во урнатини. На една сателитска снимка, покривите или недостасуваат или се значително оштетени на речиси секоја зграда.

Во источен Мариупол, друга станбена област претрпе слично уништување. Секоја куќа која опкружува два одделни станбени комплекси е уништена.Уништен е уште еден голем станбен комплекс во југоисточен Мариупол, во близина на фабриката за железа и челик Азовстал. Си-Ен-Ен претходно потврди дека руските војници и чеченските борци биле активни во близина на тој станбен комплекс.

Сателитските снимки покажуваат и преживеани од масакрот. Надвор од супермаркетот Метро во западен Мариупол, се гледаат стотици луѓе собрани во редови, кои чекаат да влезат во зградата. На нејзиниот покрив има дупки од воени напади.Градоначалникот на Мариупол процени дека до понеделник во градот останале  дури 160.000 луѓе.

.Само североисточно од градот, се гледаат позиции на руската војска, вклучувајќи возила паркирани директно до домовите.