ФЗОМ: Од септември, прво лична карта – па лек


Во насока на целосно обезбедување лекови на рецепт кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, што е еден од главните приоритети на Владата, а со оглед на тоа дека повеќе години наназад истото претставува проблем за нашите осигуреници поради постоењето на квоти на аптеките, односно финансиски лимити за аптеки за издавањето на лекови на рецепт од примарната позитивна листа, ја информираа јавноста дека презема активности и мерки за укинување на квотите на сите аптеки и за воведување нови контролни механизми при пропишувањето на лековите на рецепт на товар на Фондот во ординациите, како и за нивното подигнување во аптеките со увид во личниот документ за идентификација (лична карта или пасош) на лицето кое го подигнува лекот.

– Лекот на рецепт во аптеката осигурено лице може да го подигне само доколку се идентификува со лична карта односно пасош. Во случај кога осигуреното лице од здравствени или други причини не е во можност лично да го подигне лекот во аптеката, лекот на рецепт во негово име може да го подигне друго лице кое треба да се идентификува со своја лична карта, односно пасош, соопшти Фондот.

Појаснуваат дека овие заложби треба да овозможат достапност на лекови на рецепт во текот на целиот месец, а не како досега, кога заради исполнетите квоти по одреден ден во месецот, аптеките остануваа без лекови за осигурениците.

Моделот на аптеки без квоти зочна со примена како пилот проект во август, во 43 аптеки кои се лоцирани во туристичките центри на територијата на подрачните служби на Фондот во Гевгелија, Охрид, Ресен и Струга и тоа во Нов Дјран, Охрид, Пештани, Крани, Царев Двор и Струга.

Воедно напоменуваат дека до моментот на целосно укинување на квотите на сите аптеки, во август, во овие пилот-аптеки издавањето на лековите на рецепт ќе се врши како и досега.

Од друга страна пак, министерот за здравство Венко Филипче, утрово на Фејсбук објави дека „сите пациенти кои не се во можност лично да отидат во аптека од здравствени причини, тие ќе можат како и досега да ги подигнат лековите преку членовите на нивните семејства“.

Тој никаде не спомнува дали за подигнување на лековите е потребен документ за лична идентификација.

Здравствените власти како да заборавија дека постои здравствена книшка.