Фустаните на Адел за „Вог“ ја зголемија побарувачката за „Вивиен Вествуд“ и за „Валентино“

САД– Корсетите, фустаните и струкираните креации станаа едни од најголемите модни трендови оваа година. Најновата ѕвезда што ги лансира пак е поп-ѕвездата Адел (33), која со неодамнешните насловници на ноемвриските изданија за британски и американски „Вог“ ја зголеми побарувачката за ваков стил.
За британскиот Вог, Адел носеше жолта корсет тоалета од Вивиен Вествуд со свилени ракави. Насловната страница на ѕвездата којаго најавува, новиот, четврдти албум „30“ ги зголеми барањата за корсети на Вивиен Вествуд за 73% неделно. Вреди да се напомене дека овој тренд првично беше популаризиран преку печатени корсети дизајнирани од самата Вествуд во 1990 -тите.
Меѓутоа, во американското издание на Вог, Адел создаде уште еден тренд што беше многу баран. Пејачката на „Rolling in the Deep“ носеше волуменозна зелена тоалета на Valentino Couture, дизајнирана од Пјерпаоло Пикиоли. Таа облека, исто така, предизвика пораст на побарувачката – за да биде точно 48% – за фустаните на италијанската марка.
Насловниците со Адел покажуваат континуиран интерес за трендовите на романтизмот што ја командуваа модната индустрија во последните месеци. Особено, корсетите се појавија како главен фокус на и надвор од пистите во текот на 2020 и 2021 година. Стилот се здоби со популарност првенствено преку Вествуд, набргу откако бисерните ѓердани на британската дизајнерка, исто така, се појавија како врвен тренд за накит. Оттогаш, стилот го заслужи своето место како моден тренд што мора да се носи од sвезди како Бела Хадид, Софија Вергара и Рита Ора, како и ТВ-серии како „Бриџертон“.