Франција попушти многу мерки, но полицискиот остана
Французите денеска, по повеќемесечни рестрикции, нагрнаа во баровите и во рестораните без тераси, во гимнастичките сали и салите за качување по карпи, благодарение на попуштањето на мерките за сузбивање на Ковид-19. Истото го направија и Белгијците.
„Беше време! Заклучувањето беше претерано“, вели Жан-Марк Франциско (47), сезонски работник кој дојде во кафуле во центарот на Тулуз, на југозападот на Франција.
Три недели по отворањето на терасите, кино-салите, музеите и специјализираните продавници со ограничен број купувачи, ова е втора фаза од попуштањето на мерките во кои полицискиот час е скратен за два часа (почнува во 23 место во 21 часот).
Баровите и рестораните повторно може да примаат гости на затворено, со 50 отсто капацитет.
Музичката свеченост Празник на музиката на 21 јуни ќе се одржи, но без импровизирани улични претстави, мини концерти во баровите и во рестораните и собирање на повеќе од 10 луѓе што се уште е забрането.
На 30 јуни се укинува полицискиот час и ограничувањата на бројот на посетители во баровите, рестораните и културните објекти, како и ограничувањата за собирање на отворено.
Сето ова ќе биде можно со услов здравствената состојба и понатаму да се подобрува, предупреди во втоникот претседателот Емануел Макрон, повикувајќи ги Французите да бидат внимателни и масовно да се вакцинираат.
Во рамки на кампањата за вакцинирање до 15 јуни 30 милиони луѓе треба да примат прва доза вакцина, што значи дека 57 отсто од француското население примило барем една доза вакцина.
Бројот на луѓе во болница се намали под 14.000, а кон средината на април имаше повеќе од двојно од тој број.
Речиси ист план има и Белгија.
Освен отворање на баровите и рестораните, по повеќе од седум месеци почнаа да работат и кино-салите и теретаните. Во таа земја со 11,5 милиони жители, каде корона вируст покоси повеќе од 25.000 луѓе, повеќе од 56 отсто примија барем една доза вакцина.
На претставите и на спортските приредби може да има најмногу 200 луше кои седат во затоврено и 400 на отворено, но остануваат строгите правила за друштвени контакти во затворено затоа што во домаќинствата може да се примат само по четворица возрасни гости.