(Фото) Во пожарите во САД настрадаа 15 луѓе, евакуирани 500.000
Калифорниските власти пронашле седум тела на северот на земјата, а во прашање се жртви на пожарот со кој пожарникарите се борат речиси еден месец.
Пожарникарите во текот на борбата со огнената стихија пронашле 10 тела на жртви во Калифорнија, а најмаку уште пет настрадаа неделава во Вашингтон и Орегон.
Овие смртоноски пожари присилија 500.000 луше во Орегон да ги нашуштат своите домови на западниот брег. Канцеларијата за управување со вонредни состојби проценува дека повеќе од 10 отсто од населението е евакуирано, а дека тој број и понатаму расте.
Густ чад го прекрива регионот кој опфаќа три сојузни држави, а бројни заедници се претвореди во пепел. Пожарникарите од САД се повикани да помогнат во масовните пожари.
Во 12 западни сојузни држави активни се повеќе од 100 шумски пожари кои уништија најмалку 4,3 милиони хектари површина, покажуваат податоците на Националниот меѓуресорен противпожарен центар. Тоа се околу 7.000 квадратни километри или големина колку Њу Џерси. Еден од пожарите кој гори во Калифорнија се смета за најголем забележан во историјата на државата, а уништи 471.185 хектари.
Инаку, на социјалнит мрежи може да се најдат бројни фотографии од тоа како изгледаат американските градови преку ден, каде околу нив горат пожари.
Погледенте го Сан Франциско:
https://www.facebook.com/tanja.nixx/posts/10158870806763200