(Фото) Во Израел патентираа маска со отвор за јадење
Израелски стручњаци развија нов тип на маска за заштита од корона вирус со далечинска контрола на отворот кој овозможува земање храна без симнување на маската од уста, а тој изум може да го направи посетувањето на ресторани помалку ризично.
Со стискање на рачка слична како кочницата на велосипед, се отвора маската на предниот дел при што може да се јаде.
„Маската по механички пат се отвора рачно или автоматски кога ќе и ја приближиме вилушката“, објаснува Асаф Гителис, потпретседател на фабриката Автипус патенти и изуми, демонстрирајќи ја употребата на маската во својата канцеларија во Тел Авив.
Низ предвидениот отвор може да се јаде и да се пие, а кога вилушката ќе ја извадите од уста, маската повторно се затвора, па така корисникот ги штити другите од пренесување на вирусот.
Производството може да почне во рок од неколку месеци, а мислењата на луѓето на кои им е покажана новата маска како функционира се различни.