(Фото/видео) Страшен град ја опустоши Словенија, невремето се надви и над Хрватска: „Сѐ е уништено“


Силно невреме ја зафати соседна Словенија нешто пред 14 часот. Град падна во делови од земјата и предизвика големи штети во некои области.

„Во Бич ги уништи сите посеви“, објави словенечкиот метеоролошки локалитет Неурје.

Невремето се надви и над делови од Хрватска, поради што во Загорје се вклучени градогенератори.

Промената на времето најпрвин дојде на северот и северозападот од Хрватска, а врнежи се очекуваат насекаде ноќеска, од понеделник кон вторник.