(Фото) Што се случува во Венеција: Водата во Големиот канал флуоросцентно зелена
Полицијата во Венеција го истражува изворот на флуоресцентна зелена течност која се појавила во Гранд Канал во градот. Се шпекулира дека бојата ја истуриле климатски активисти.
Според Гардијан, во текот на денот гондолите се движеле по каналот обоен во зелено, од мостот Риалто и по дел од каналот. Локалните жители први ја забележале бојата, објави на Твитер претседателот на регионот Венето, Лука Заја.
Venice police investigate source of bright green liquid in Grand Canal https://t.co/0efJqyrTlK
— The Guardian (@guardian) May 28, 2023
Италијанската противпожарна служба соопшти дека и помага на регионалната агенција за животна средина да земе примероци за тестирање. Полицијата истражува дали зелената боја ја истуриле климатски активисти, објави локалниот весник Ла Нуова Венеција.
Venice’s waters turn fluorescent green near Rialto Bridge https://t.co/sY1XdABpfI pic.twitter.com/cBA9zivIv9
— Reuters (@Reuters) May 28, 2023
Не е прв пат Големиот канал да биде обоен во зелено. Во 1968 година, аргентинскиот уметник Николас Гарсија Урибуру ја обои водата зелена за време на 34-то Венециско биенале во обид да ја промовира еколошката свест.
Venice authorities investigate after canal turns fluorescent green https://t.co/J9LsMKHYR7 pic.twitter.com/hWygjcgBVg
— CNN (@CNN) May 28, 2023