(Фото) Претседателката Сиљановска-Давкова доби подарок – миленик од расата караман!


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова доби посебен подарок – куче од автохтоната раса караман, кое ќе стане нејзин миленик и симбол на верноста и македонскиот дух.

-Денеска остварив средба со претставниците на Светската кинолошка федерација (FCI) и со македонските кинолошки експерти кои повеќе од две децении посветено работеа за афирмација на нашата автохтона раса.
Очекувам македонското овчарско куче караман наскоро да биде официјално признаено од Светската кинолошка федерација. Тоа ќе биде историски момент за македонската кинологија и доказ за нашето богато културно и природно наследство.

На средбата ми беше подарено куче караман, симбол на верноста, достоинството и македонскиот дух.
Караманот е чувар на нашите планини, на нашата традиција и идентитет, а отсега ќе биде препознаен и ширум светот, напиша Силјановска Давкова во објавата на ФБ.