Флорида: Вонредна состојба и евакуација поради излевање на отпадни води


 

Во американската сојузна држава Флорида, недалекку од градот Брадентон, прогласена е вонредна состојба откако дошло до излевање од резервоарот за складирање на отпадни води.

Повеќе од 300 жители на Брадентон добиле СМС порака со која надлежните ги повикуваат да ги напуштат своите домови поради опасност.

Во резервоарот од 31 хектар се наоѓаат милиони литри вода која содржи фосфор и азот од старата фабрика за фосфати. Резервоарот се наоѓа кај старата фабрика за фосфати, каде има купови фосфогипс и радиоактивен отпаден производ.

Водата содржи мали количини радиум и уран кои се јавуваат во природата, а наслагите може да испуштат гас радон.

Властите страдуваат дека со рушење на системот може да дојде до испуштање загадена вода, но и опасни материјали. Гувернерот на Флорида Рон де Сантис во саботата прогласи вонредна состојба, и го повика Црвениот крст да им помогне на мештаните.