Фирмите од Централна, Источна и Југоисточна Европа потешко ќе добиваат кредити, предвидува ЕИБ
Малите и средни компании во Централна, Источна и Јуигоисточна Европа (ЦЕСЕЕ) годинава ќе се соочат со значително построги критериуми за одобрување на кредит, се наведува во еден од заклучоците на истражувањето на Европска инвестициска банка (ЕИБ).
ЕИБ истакнува дека првпат од 2015 година повторно ќе почнат да растат ненаплатливите кредити, а банките во ЦЕСЕЕ регионот поради пандемијата со Ковид-19 ќе се соочат со најлошо деловно опкружување од финансиската криза во 2007 и 2008 година.
Истражувањето на ЕИБ, со кое беа опфатени 90 банки, укажува дека заемодавците очекуваат остар пад на побарувачката за финансирање, но и значителни заострување на условите за одобрување, а со тоа и пад на одобрени кредити.
Првенствено се очекува намалување на побарувачката на кредити за граѓаните.