Финскиот претседател Стуб повика да се назначи европски пратеник за Украина


Париз – Европа би требало да создаде сопствен преговарачки тим како дел од мирното решавање на украинскиот конфликт и да назначи специјален пратеник за Украина, изјави финскиот претседател Александер Стуб.

„Потребни ни се две работи. Прво, тоа е тим од преговарачи, каков што имаат Американците, Украинците и Русите. И ги имаа во Ријад, во Саудиска Арабија. А потоа, можеби, со текот на времето, ќе ни треба специјален пратеник кој ќе биде одговорен и ќе координира сè“, рече Стуб во интервју за Франс 24 по учеството на состанокот на „коалицијата на подготвените“ во Париз.

Стуб ја поздрави француско-британската иницијатива за создавање „коалиција на подготвените“ во знак на поддршка на Украина.