Филмот за Бонд викендов заработи 119 милиони долари


САД- Светот му припаѓа на Бонд. „Не е време за умирање“ на МГМ/Универзал конечно пристигна во 54 земји викендов и заработи 119 милиони долари, што е најголема заработка за еден филм од почетокот на пандемијата без Кина.

Се разбира, најголемиот пазар за филмот е татковината на Џејмс Бонд во Обединетото Кралство, каде што филмот постави рекорд во ерата на пандемијата со проценето четиридневно прикажување во кината од 34,8 милиони американски долари од 772 локации.

Новиот 25. филм за Бонд руши рекорди по само еден викенд прикажување и е рангирано на шестото место на сите времиња во Велика Британија.

Се на сѐ , „Не е време за умирање“ постави рекорди за Бонд од викенд прикажување во кината во 24 земји, вклучувајќи ги Јапонија, Хонг Конг, Германија, Швајцарија, Шведска, Италија, Данска, Шпанија, Јужна Африка и Еквадор и Аргентина. 

Следниот викенд  „Не е време за умирање“ има премиери во Русија и Франција, како и во САД, каде што очекувањата за филмот за Бонд ќе бидат уште поголеми. Премиерата на филмот во Кина е на 22 октомври и во Австралија на 11 ноември.

Премиерата на Бонд во скопските кина е на 7 октомври, и билетите се веќе пуштени во продажба.

Критиката го пофали како „одличен филм, со многу акции, многу акробации, егзотични локации и многу емотивна, во основата љубовна приказна “. Ова е последна улога на Даниел Крег како Бонд. Неговиот наследник ќе се знае идната година, потврдија продуцентите.