Филипче за рудникот: Добро е ако се слушаат премиерот и градоначалникот, но клучно е да се слушне ставот на граѓаните


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во одговор на новинарско прашање во врска со најавите за рудникот за антимон во кривопаланечкиот регион Луке и можноста за референдум во Крива Паланка, истакна дека клучно е да се слушне ставот на граѓаните.

„Ако се слушаат премиерот и градоначалникот, како што кажуваат, добро е да се слушаат, да комуницираат, затоа што е добро да соработува централната со локалната власт. Меѓутоа, многу е важно, дали тоа е врз основа на тоа што го кажуваат граѓаните во Крива Паланка. Ако тоа граѓаните на Крива Паланка и регионот го одобруваат, нема проблем. Но, ако не го одобруваат, тогаш јас и СДСМ застануваме на страна на граѓаните“, рече Филипче.

На прашањето дали ќе започне постапка за собирање потписи, Филипче одговори дека тоа ќе зависи од реакцијата и барањата на граѓаните.