Филипче: Нема цена што нема ја да платиме за вакцината


Ниту една приватна болница нема инфективни одделенија и не третира пациенти со инфективни болести: Венко Филипче (Фото: Борис Грданоски)

Нема цена што Владата нема да може да ја плати за вакцината против ковид-19, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче кој верува дека има можност и пред март одредена количина на вакцини да пристигне во земјава .

Одговарајќи на новинарски прашање во Шуто Оризари, Филипче рече дека засега имунизацијата останува еден од најсериозните инструменти за сузбивање на вирусот и оти сите вакцини се апсолутно безбедни.

Тој истакна дека освен со Бугарија, Грција и Полска, се преговара и со Австрија, а паралелно со тоа течат и разговорите со производителите на вакцини. И преку Ковакс системот се очекуваат вакцини.

Согласно динамиката на производство на вакцините, Филипче очекува поинакви вести и од производителите на вакцини од оние кои досега ги давале за време на разговорите.

Прашан дали воопшто ќе биде потребна вакцина доколку вирусот природно исчезне, Филипче со став дека за да спласне вирусот потребно е да има имунизација со кој ќе се достигне степен на колективен имунитет од 60 до 70 проценти од населението.

–  Останува да ја следиме ситуацијата и како ќе се одвиваат трендовите – дали ќе има природен пад на целата падемија. Засега нема знаци дека спласнува вирусот во насока на целосно добивање на колективен имунитет така што имунизацијата останува како еден од најсериозните инструменти со кои ќе се смени сликата – нагласи Филипче.