Мицкоски објави видео 35 години независност без ниеден потпис на ВМРО, вели СДСМ
Откако Мицкоски од Брисел го сподели промотивното видео по повод 35 години независност на Македонија, со реакција се јави СДСМ.
„Христијан Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност на Македонија.
И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ.
Во видеото е Киро Глигоров.
Во видеото се најголемите државни успеси на Македонија.
Во видеото само недостасува влезот во НАТО, како и почетокот на преговорите со ЕУ.
Сè што е позитивно и државотворно во тие 35 години, е дело на СДСМ.
Ниту еден вистински државен успех во овие три и пол децении, не носи потпис на ВМРО.
Затоа во видеото нема место за Никола Груевски.
Тие години на темнина, криминал и бегство не се за промотивни спотови.
Нема место ниту за оваа актуелна Влада – затоа што нема што да покаже.
Мицкоски сакаше да се пофали со независноста. А всушност објави промоција на сè она што СДСМ го изгради.
Македонија има причина да биде горда.
И таа гордост, во најголем дел, носи потпис на СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ.
Мицкоски од Брисел го сподели промо-видеото по повод 35 години независност на Македонија