ЦУК: Девет пожари на отворено од кои пет се активни


Фото: Б. Грданоски

 На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот Скопје-Велес спроти БП „Макпетрол“ во Општина Илинден каде гори ниска вегетација, во село Турново, Општина Босилово гори стрниште, во депонија на излезот од Крива Паланка и во село Симница, Општина Гостивар каде горат ниска вегетација, стрништа и грмушки.

Под контрола е ставен пожарот во Општина Зелениково над селото Зелениково каде гореше шума и ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во село Грчец Општина Сарај, кај Новите градски гробишта во Прилеп и во село Црвивци во Општина Кичево.