Во болницата во Кочани за два дена родени седум бебиња


Кочани добива ретко убава и позитивна вест од Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската Општата болница. Во изминатите два дена, на одделението по природен пат се породиле седум мајки, при што на свет дошле четири машки и три женски бебиња.

Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, со што ќе има сè повеќе породувања во Кочани.

-Ова е една позитивна вест. Во последните два дена имавме седум породувања по природен пат – четири машки и три женски бебиња. Се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи и понатаму и дека ќе има што повеќе породувања- вели  директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ Мирчовска.

Дополнително, значаен чекор за унапредување на здравствените услуги е и фактот што од оваа година во болницата работат тројца специјалисти по гинекологија и акушерство, што претставува важна поддршка за идните мајки и за развојот на гинеколошко-акушерското одделение.