Филипче: Мицкоски создава лажна паника, македонскиот јазик и идентитет не се загрозени


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција по повод Денот на македонскиот јазик истакна дека јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот официјален договор во Европската Унија потпишан на чист македонски јазик, оценувајќи дека Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања, намерно создавање паника и лажно бранење на идентитетот.

-Јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот официјален договор во ЕУ потпишан на чист македонски јазик без фусноти, без објаснувања, без ѕвездички. Во Преспанскиот договор во 2018 година експлицитно е наведено дека македонскиот јазик е дел од јужнословенската група јазици и е признат уште во 77-ма година од Обединетите нации. Во Европската Унија македонскиот јазик е официјално признат во Преговарачката рамка. Во Обединети нации сите други меѓународни организации и секако билатерални договори. Македонскиот јазик не е на продажба и тој не е никако загрозен, рече тој.

Според него, премиерот Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања, намерно создавање паника и лажно бранење на идентитетот.

-Зошто го прави тоа? Затоа што му треба изговор. Нема ниту една реформа, нема мерки за граѓаните, нема буквално ниту еден резултат. И во исто време, кампања на медиумите под контрола на Орбан против СДСМ затоа што ние ги поддржуваме европските интеграции. Наративот повторно е ист. Предавници. Па, сега кога граѓаните ќе го слушнат ова нека се сетат на неговите ветувања дека ќе го укинеше Преспанскиот договор, дека ќе го враќаат името. Толку од предавниците и нивната кампања да се прикажат така. И затоа мора постојано да создаваат вештачки проблеми, да го блокираат европскиот пат и да ја претворат Македонија во слепо црево на Балканот. Најсвежиот пример метежот на границите со новата мерка од Европска Унија, рече Филипче.

На новинарско прашање како ќе го искоментира и официјалниот став на Бугарија дека пред 44-та не постоел македонски јазик и нација, тој одговори дека поради нечии размислувања не треба да се чувствуваме поинаку.

-Како вие се чувствувате, како Македонец? Како Бугарија ви го загрозила идентитетот? Еве кажете како ви го загрозила? Дали вие поради нечии размислувања и така натаму се чувствувате поинаку? Значи ако има бугарско малцинство, сосема е различно од македонскиот народ. Ако имаме договор потпишан на македонски јазик од сите земји членки на ЕУ, значи јазикот не е загрозен. Зашто не им ја оставиме историјата нека ја дебатираат историчарите, ние да гледаме во иднината? Престанете со оваа пропаганда. Антиевропска е пропагандата, немојте да ја спроведувате пропагандата, рече тој.

Според него, ако во меѓувреме се отворат преговорите и притоа ништо не е загрозено, и се дојде до европските фондови и продолжиме напред, натаму нека дебатираат историчарите.

-За некои работи не мора да се договориме. Меѓутоа никој од Европа нема да дозволи блокирање на непринципиелна основа. Никој. И тогаш ќе седиме на европската маса со сите европски земји и тогаш сите ќе гледаат. Значи не ширете пропаганда, оваа пропаганда да се идентификуваат внатрешни непријатели, надворешни непријатели е само за да се најде изговор од страна на премиерот за да нема напредок, оцени Филипче одговарајќ