Фарел Вилијамс го наследува Вирџил Аблох во „Луј Витон“
Светски познатиот музички продуцент Фарел Вилијамс сега има ново работно место…уметнички директор за машка облека во Луј Витон.
Глобалниот луксузен бренд во вторникот објави дека ја искористил Вилијамс да ја пополни позицијата од висок профил што остана празна по смртта на ѕвездата дизајнер Вирџил Аблох пред повеќе од една година.
Веста одекна како бомба на светската модна сцена и сите се изненадени од оваа одлука.
„Луј Витон срдечно го пречекува Фарел Вилијамс како нов креативен директор на машката линија. Неговата прва колекција за Луј Витон ќе биде прикажана во јуни на машката модна недела во Париз. Фарел е визионер чиј уметнички ум се протега од музика до уметност и мода – се етаблира како глобална културна икона во изминатите дваесет години. Начинот на кој ги проби границите на различните светови што ги истражува се совпаѓа со статусот на Луј Витон, ние споделуваме исти вредности на иновација, дух и претприемништво“, е дел од официјалното соопштение што го споделија ЛВ и музичарот на Инстаграм“.
Аблох, кој почина во ноември 2021 година, беше најмоќниот црнемурест дизајнер во модата и го симболизираше спојувањето на уличната облека со модата од високата класа, мешајќи влијанија како графити уметност и култура на скејтборд во неговите стилови.
Вилијамс се прослави како продуцент и пејач со хитовите како „Happy“ и „Blurred Lines“.
Тој има освоено 13 Греми награди и има постигнато две номинации за Оскар во текот на неговата долга кариера.
Надвор од музиката, Вилијамс исто така има големо искуство во модната индустрија…играјќи улога во подемот на уличната облека, ко-основајќи ја етикетата Billionaire Boys Club со јапонскиот дизајнер Ниго во 2003 година и започна соработки со Адидас, како и со луксузните брендови Moncler и Chanel.

На почетокот на 2022 година соработуваше и со луксузниот бренд Tiffany & Co. и ги претстави минијатурните очила кои ги носи на сите јавни настани изминатава година, што значи дека подготвува нови соработки со брендот.Тифани и Ко. инаку е во сопственост на LVMH, исто како и Луј Витон.
Во 2004 година, Вилијамс соработуваше со дизајнерот на Луј Витон Марк Џејкобс, дизајнирајќи очила за етикетата.
Неговото назначување го означува првиот потег на новоименуваниот извршен директор на Луј Витон. (Ројтерс)