Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија околу владеењето на правото


Група левичарски европратеници сакаат да започнат правни постапки против Европската комисија за неактивноста против Унгарија и Полска во врска со кршењето на владеењето на правото. Во март, Европскиот парламент ја поттикна Комисијата да преземе мерки против земјите, наведувајќи го „зголемениот ризик од злоупотреба на буџетот на Унијата како средства за влошување на владеењето на правото во некои земји-членки“. Сега, откако Комисијата го пропушти крајниот рок на европратениците од 1 јуни, парламентот го зголемува притисокот.

Европратениците напишаа дека „жалат“ што Комисијата не презела мерки „во најочигледните случаи на кршење на владеењето на правото во ЕУ“, барајќи од претседателот на парламентот Давид Сасоли да го активира членот 265 од Договорот за функционирање на Европската унија. Тоа значи дека тие сакаат да однесат тело на ЕУ пред суд за неисполнување на своите обврски утврдени во Договорите на ЕУ. „За да се подготви, ЕП во меѓувреме веднаш ќе ги започне потребните подготовки за потенцијалните судски постапки согласно член 265 од ДФЕУ против Комисијата“, се вели во резолуцијата.

Но, додека СиД, Обнови ја Европа, Зелените и Левицата ја поддржуваат резолуцијата, ЕПП е изолирана во спротивставувањето, рече претставник на парламентот. Групата наместо тоа тврди дека Комисијата прави сѐ што може и се обиде да изврши притисок врз СиД за да ги разбие редовите, според официјалниот претставник на парламентот. ЕПП има рок до вечерва да одлучи дали сака да се приклучи на заедничката резолуција. Функционер на ЕП вели дека „ти остануваат надвор и не се дел од мнозинството за владеење на правото во парламентот“ и дека се приклонуваат кон европските популисти и крајни десничари. (Политико)