Европската Унија креира дигитален паричник за сите држави членки
Европската Унија во вторник треба да ги објави плановите за воведување дигитален паричник во сите 27 земји членки, по барањето на државите членки да се најде начин за сигурен пристап на граѓаните до јавни и приватни услуги на мрежата.
Апликацијата ќе им овозможи на граѓаните ширум ЕУ сигурен пристап до низа приватни и јавни услуги со помош на едноставна онлајн идентификација.
Дигиталниот паричник ќе обезбеди чување на податоците за плаќање и лозинките и ќе им овозможи на сите 27 земји членки да се пријават на страниците на локалните власти или да плаќаат за комунални услуги користејќи препознавање на идентитетот, пишува Ројтерс повикувајќи се на Фајненшл тајмс.
Освен различни методи, до апликацијата ширум ЕУ ќе може да се притапи со скенирање на отсок од прстот или мрежницата, а ќе служи и како сеф во кој корисниците може да чуваат лични службени документи како возачки дозволи и слично.
Надлежните во ЕУ ќе спроведат структурно раздвојување за да спречат компаниите да пристапуваат до корисничките податоци и да го користат дигиталниот паричник за која било друга комерцијална активност како маркетинг на нови производи.
Брисел на овој проект активно учествува во преговорите со државите членки заради давање насоки за техничките стандарди за воведување на дигиталниот паричник кој, како што се очекува, треба да биде оперативен за една година.