Европската комисија и објави војна на германската ароганција


Европската комисија се закани дека ќе ја тужи Германија во врска со спорот за надмоќ на правото на ЕУ.  Најможната држава во ЕУ прими формално известување дека се соочува со можна постапка за непочитување и тужба поради пресудата на нејзиниот Уставен суд која е противречна на Судот за правдата на ЕУ.

„Комисијата предизвикува огромни конфликти во ЕУ“, рече Бернд Луке, германски професор по економија и поранешен европратеник. Тој го обвини Брисел дека се обидува да им го одземе „основниот идентитет“ на националните устави, осигурувајќи дека законот на ЕУ ќе владее врховно.

Питер Гавејлер, поранешен конзервативен политичар, кој  има покренато безброј судски процеси до највисокиот суд во Германија со барање за измени во политиката на Европската централна банка, рече дека Комисијата „не го почитува суверенитетот на граѓаните на нејзините членки и принципот на демократија“. Што се случи?

Минатата година, највисокиот суд во Германија пресуди дека Судот на правдата на Европската унија ги пречекори своите граници во доделувањето на карт-бланш на Европската централна банка за контроверзната политика за откуп на долгот на земјите-членки, итна мерка што банката ја спроведе за време на должнички кризи за да не се распадне еврото.

Германскиот суд (честопати нарекуван „Карлсруе“ по градот каде што е сместен) донесе одлука дека „Бундесбанк“, најголемата национална банка во еврозоната, не смее да смее да учествува во програмите за откуп на обврзници, освен ако ЕЦБ не  покаже дека се навистина неопходни. Случајот ги вклучи алармите во Брисел.

Причината е што со таквата одлука германскиот суд ефективно се декларираше како краен арбитер на правото на ЕУ. И не само тоа. Тоа го стори со неапалогетична германска ароганција обвинувајќи дека одлуката на највисокиот суд во Европа не само што е „неразбирлива“, туку и далеку над неговите овластувања.

Комисијата се загрижи дека потегот на „Карлсруе“ ќе ги охрабри другите земји да се чувствуваат слободни да ги игнорираат пресудите на судот на ЕУ. Тоа што Полска и Унгарија брзо го поздравија повикот на „Карлсруе“ сугерираа дека загриженоста не е погрешна.

Но, поголема причина што ЕК не може да дозволи да помине оваа одлука во Германија е што е во прашање оваа земја. Сè додека светот верува дека „Карслруе“ има моќ да му се спротивстави на највисокиот суд на ЕУ, чие седиште е во Луксембург, тоа ќе создаде одреден степен на неизвесност за било кои европски одлуки со високи влогови.

Во својата основа, заканата на Комисијата е да ја стави Германија на нејзино место. Фактот дека извршната власт на ЕУ во моментов е предводен од Германец – Урсула фон дер Лајен – ја прави одлуката уште позабележителна. Но, ако некој во Брисел ја разбира културата на германската јуриспруденција и колку може да биде нерешлива, тоа е фон дер Лајен, обучен лекар и долгогодишен министер во кабинетот на Ангела Меркел, каде помина со години опкружена со адвокати.Единствената институција на која Германците имаат повеќе доверба од својата сакана Бундесбанка е судот во Карлсруе.