„Европотрошувачи“ го тужат „Епл“ за влошување на работата на мобилките, бараат 180 милиони евра


This illustration picture shows the US multinational technology company Apple logo displayed on a tablet in Paris on February 18, 2019. (Photo by Lionel BONAVENTURE / AFP) (Photo credit should read LIONEL BONAVENTURE/AFP via Getty Images)

Европската организација за заштита на потрошувачите, „Европотрошувачи“ (Euroconsumers) го тужи „Епл“ во четири земји на ЕУ, барајќи вкупна отштета од ц за намерно влошување на работата на паметните телефони, со крајна цел да ги натера потрошувачите да купуваат нови. Ова го објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на здружението, коешто ги претставува интересите на 1,5 милиони домаќинства.

Тие денеска ќе поднесат тужба до судови во Белгија и Шпанија, а потоа и во Италија и Португалија. Судските процеси се однесуваат на повеќе од 3 милиони модели на „Ајфон 6“, 7 и „СЕ“ продадени во овие земји меѓу 2014 и 2020 година. Овие тужби ќе следат по слично колективно дејствие против „Епл“ во САД, каде што американската компанија се согласи да им плати вкупно 500 милиони долари на сопствениците на паметни телефони.

Според Барт Валдерс, партнер во правната компанија „Аркас“, која ги застапува интересите на тужителите во Белгија, жалбите во одделни земји може да доведат до „ефектот на снежна топки“.

– Искуството покажува дека ако една европска земја преземе иницијатива, и други ќе ја следат, објасни адвокатот.

Во февруари, француски супервизор го казни „Епл“ со 25 милиони евра за заблуда на потрошувачите. Италијанскиот орган за монопол претходно ја казни корпорацијата со 10 милиони евра откако беше откриено дека ажурирањето на софтверот предизвикува „сериозен дефект и значително ги намалува перформансите“ на паметните телефони.

Американската компанија ги негира ваквите наводи, нарекувајќи ги „фактички и правно невистинити“. Во писмото од 6 август на адвокатската фирма на „Епл“ – „Гибсон Дан и Крачер“, упатено до „Европотрошувачи“, се вели дека компанијата „никогаш нема да го влоши заемниот однос со клиентите“ за тие повторно да купуваат. Корпорацијата, во друга прилика, соопшти и дека „нејзината цел отсекогаш била да создава производи што клиентите ги сакаат, а важен дел од тоа е да се обезбеди најдолг можен век на траење на ‘Ајфонот’,“ пренесува „Фајненшл тајмс“.