Европа треба да биде лидер во климатската акција


КОНИ ХЕДЕГАРД 

Од масовниот мобилизациски напор, кој ѝ претходеше на Конференцијата на страните (COP15) во Копенхаген во 2009 година, светот почна да ги преведува зборовите и намерите во вистински акција за климатските промени. Европското лидерство – од владата, граѓанското општество и бизнисот – одигра клучна улога во напредокот. Со оглед на тоа колку треба да се направи, таквото лидерство мора да продолжи – и да стане посилно.

Успесите во последната деценија не треба да се потценуваат. Во 2010 година, кога започнав како европски комесар за клима, само зелените радикали ја делеа целта на емисиите на нето-нула. Многумина сметаа дека целта за намалување на емисиите на 80-95 отсто поставена од првата долгорочна стратегија на Европската Унија е премногу амбициозна.

Во тоа време малкумина би верувале дека во рок од десет години Кина ќе се појави како гигант за обновливи извори или дека „Фолксваген“ и данската бродарска компанија „Маерск“ ќе ја постават целта за постигнување јаглеродна неутралност до 2050 година. Симултаната најава на „Фолксваген“ дека ќе произведува 22 милиони електрични возилата во текот на следната деценија би изгледала слично напрегната.

Меѓутоа, во денешниот свет таквите промени стануваат нова нормалност. Зеленото финансирање добива популарност; луѓето ги менуваат исхраната и навиките за консумирање; градоначалниците преземаат мерки за намалување на загадувањето на воздухот; електричните централи на јаглен се затвораат; и технологии со ниско ниво на јаглерод се развиваат побрзо отколку што се очекуваше. Ова е добредојдена промена, но сè уште не е доволно: научниците – вклучително и на Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) – продолжуваат да предупредуваат дека истекува времето за да се избегнат најлошите ефекти од климатските промени.

Сега луѓето ширум светот бараат посилна климатската акција повеќе од кога и да е. Многумина беа поттикнати од Грета Тунберг, 16-годишна шведска активистка која се појави на светската сцена со климатскиот штрајк пред шведскиот парламент за потоа да зборува во Обединетите нации и на Светскиот економски форум во Давос. Во цела Европа избирачките податоци откриваат широка поддршка за амбициозните климатски политики. И големо мнозинство Европејци, низ политичкиот спектар, признаваат дека наднационалната соработка за климата има смисла.

Минатиот месец, во обид да ги исполни потребните мерки, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги објави плановите за климатски самит во септември во Њујорк. Притоа, тој ги повика учесниците да ги остават настрана своите разлики и да понудат „конкретни реални планови“ за да го задржат зголемувањето на глобалната температура од 1,5° C на претпристапните нивоа, според последниот извештај на ИПЦЦ.

Во време на политичка турбуленција, која се одрази во подемот на популистичките партии во многу земји, ова е храбар исказ. Светот треба да го прифати и Европа треба да го води патот.

Кога станува збор за решенија, Европа е пред кривата. На пример, мојата родна земја Данска, од која беше побарано да води разговори за енергија на Самитот на ОН, интегрира огромни количества ветерна енергија во својата електрична мрежа. Шведска со Индија ја создаде првата фабрика за челик во светот без фосилни горива. И напредокот е тешко ограничен на северна Европа: Романија се гордее со најголемата европска фарма на ветер; Полска произведува електрични автобуси; и Австрија води кога станува збор за зелени згради.

Но, како што европските лидери сè повеќе ги препознаваат, време е да се притисне педалот за гас. Тоа значи да се направи транзиција кон економија со ниска употреба на јаглерод – со емисии на нето-нула до 2050 година – централно за европскиот наратив.

Со тоа ќе се испрати моќен сигнал до европските граѓани дека нивните лидери ги слушаат, истовремено охрабрувајќи ги другите земји да ги исполнат своите обврски, направени како дел од Климатскиот договор во Париз 2016 година. Како најголем светски пазар, ЕУ има значително влијание и поткрепа. Доколку се разгледа зеленото финансирање, обновливите извори на енергија и климатскиот транспорт во текот на следната деценија, остатокот од светот брзо ќе ја добие пораката дека транзицијата со ниско ниво на јаглерод е неизбежна – и забрзана.

По изборите во Европскиот парламент овој месец, лежи златна можност да се воспостави зелена транзиција која ќе ги искористи сите како заедничка европска цел. Идеално, тоа ќе се случи до септември, кога ќе се одржи конференцијата на ОН. Со паметна, кохерентна и обединета стратегија, ЕУ може да обезбеди модел за одговорен економски раст во дваесет и првиот век. Но часовникот отчукува.

(Авторката беше европски комесар за климатска акција од 2010 до 2014)