Еве зошто Ашер не беше платен за настапот на Супербоулот


Лас Вегас– Можеби ќе ве изненади фактот дека ѕвездите всушност не добиваат хонорар за настапот на Супербоул, а Ашер сигурно немаше да биде првата отстапка.

Како Лејди Гага, Шакира, Џенифер Лопес, Бијонсе, Ријана, Д Викенд и други пред него кои ја краселе најпознатата светска сцена во финалниот плејоф на НФЛ – ни Ашер не доби хонорар за настапот.

Причината е едноставна – шоуто на полувремето на Супербоул е една од најгледаните содржини на сите времиња, со речиси 100 милиони гледачи ширум светот. Речиси е загарантирано дека артистот кој бил избран ќе има огромен скок на слушаност, стримување и преземање на неговите/нејзините песни и секако ќе добие нови договори за настапи и концерти од кои ќе има приход во иднина.

Настапот на полувремето на Супербоул е повеќе за имиџ и репутација отколку за пари. НФЛ не им плаќа на изведувачите хонорари за настапот, но покрива сите трошоци за изведувачите и нивната придружба од раководството на членовите на бендот, техничката екипа, безбедносниот персонал, семејството и пријателите.

Во случајот на Ашер, импресивниот 13-минутен настап синоќа на стадионот Елиџент во Лас Вегас,  ќе помогне во промоцијата на претстојната светска турнеја на пејачот и новото издание на албумот, а би требало да биде лично незаборавно и за него.

„Тоа ќе биде прослава. Ќе се трудам максимално да не плачам, да не се расплачам и да не плачам на сцената“, изјави тој за ко-водителката на „CBS Mornings“, Гејл Кинг.

На сцената на аренби ѕвездата  му се придружија и други ѕвезди како Алиша Кис, Лудакрис, Лил Џон, Џермејн Дупри, Вил Ај Ем  и Х.Е.Р.