Еве кога настапуваат македонските спортисти на Зимската олимпијада
Македонскиот олимписки комитет го објави официјалниот календар на натпревари за македонските олимпијци на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо.

Во наредните денови, нашите репрезентативци ќе ги бранат боите на Македонија на најголемата светска спортска сцена.
❄️ Нордиско скијање (лрос-кантри):
⛷️Ставре Јада
10 февруари во 9:55 ч. (спринт)
13 февруари во 11:40 ч. (10 км)
⛷️Ана Цветановска
12 февруари во 13:00 ч. (10 км)
❄️ Алпско скијање
⛷️Виктор Петков
14 февруари (велеслалом) – прва трка од 10:00 ч. и втора трка од 13:30 ч.
⛷️Јана Атанасовска:
15 февруари (велеслалом) – прва трка од 10:00 ч. и втора трка од 13:30 ч.
18 февруари (слалом) – прва трка од 10:00 ч. и втора трка од 13:30 ч.

„Македонските олимпијци се подготвени за достоинствено претставување на нашата држава. Да им ја пружиме потребната поддршка во нивниот пат кон олимпискиот успех“, порача МОК.