ЕУ предупредува дека на границата на Украина и Русија потребна е само една искра

На границата со Украина во моментот има најголемо присуство руски воени трупи некогаш забележани.
– Кога ќе распоредите толку трупи, искра може да пламне, – оцени шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.
Советот на ЕУ заклучи дека на границата со Украина и на Крим се наоѓаат 150.000 руски трупи и дека ризикот од понатамошно влошување на судирот е присутен.
– Пофалба за Украина поради воздржаноста и ја повикуваме Русија на деескалација на тензиите – рече Борел.
Шефот на дипломатијата на ЕУ по состанокот на министерите за надворешни работи на ЕУ го повтори единствениот став на Унијата со кој се поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вклучително и непризнавањето на „нелегалната анексија на Крим“ и поддршката за потполна примена на договорот од Минск.
Покрај повикот да се престане со трупање воени сили покрај границата со Украина, Советот на ЕУ ги повика властите во Москва на осудениот лидер на руската опозиција Алексеј Навални веднаш да му се обезбеди пристап фо лекари во кои тој има доверба.
„Руските власти се одговорни за безбедноста на Навални и неговот здравје“, вели Борел.ќ
Тој наведе дека ЕУ, засега, не разгледува воведување нови санкции за Русија.