ЕУ ги забрани авионите на Белорусија на нејзиниот воздушен простор


Раман Пратасевич има неколку телевизиски појавувања за кои неговите родители велат дека заложнички видеа

ЕУ ги забрани белоруските превозници на нејзиниот воздушниот простор и аеродромите поради присилното слетување на летот на „Рајанер“ и апсењето на опозицискиот активист и новинар Раман Пратасевич.

Амбасадорите на ЕУ се согласија за време на состанокот во петокот да побараат од земјите-членки да им забранат на авионските превозници да слетуваат и полетуваат и да им забранат да прелетуваат на територијата на 27-те земји-членки од сабота.

Европската агенција за безбедност на воздухопловството (ЕАСА) исто така издаде директива со која ефективно се забранува летала на ЕУ да летаат над белорускиот воздушен простор или да слетуваат на нејзина територија.

Овој потег следи по осудата од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ минатиот месец за пресретнувањето на летот Атина-Вилнус на 23 мај, на кој патници беа Пратасевич и неговата руска девојка Софија Сапега.

Постои зголемена загриженост за здравјето на Пратасевич по појавувањето на видео во кое тој покажуваше знаци на злоупотреба, додека очигледно признаваше злосторства против белоруската држава.

Според другите мерки за кои лидерите на ЕУ се согласија минатиот месец, ќе бидат применети низа економски санкции против инволвираните во инцидентот. Европските дипломати се очекува да го финализираат списокот на официјални лица и субјекти следната недела.

Тие исто така подготвуваат предлози за пошироки економски санкции, кои би можеле да стапат во сила подоцна во текот на месецот и да ги вклучат индустријата за ѓубрива во земјата и нејзина продажба на обврзници.

ЕУ минатата година воведе санкции за речиси 60 белоруски официјални лица, вклучувајќи ги и претседателот на земјата Александар Лукашенко и неговиот син Виктор, по задушувањето на мирните протести против наводно наместените претседателски избори во минатиот август.