Ердоган го обвини Израел дека сака да ја прошири војната во Газа во поширок регион


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го обвини Израел дека планира да ја прошири војната во Појасот Газа во поширокиот регион поради стравувањата дека судирите со либанската милиција Хезболах би можеле дополнително да ескалираат, јави ДПА.

„Нападите против Либан во последните денови ја потврдија нашата загриженост за плановите на израелската администрација да ја прошири војната во регионот“, изјави Ердоган во Истанбул пред да замине за Њујорк за да присуствува на Генералното собрание на ОН.

Регионот се соочува со „огромна криза“, рече турскиот претседател, кој го обвини Израел дека „врши напади како терористичка група“, мислејќи на неодамнешните пејџер експлозии што ги користеше Хезболах во Либан, за кои широко се обвинува Израел.

Нападите на Израел во Либан се „провокација“ со цел да се спроведе „радикалната ционистичка идеологија“, рече и Ердоган