Епл планира производство на 75 милиони 5-Г ајфони до крајот на годинава
Компанија Епл побара од своите ограноци да произведат најмалку 75 милиони 5Г ајфони во втората половина од оваа година, како и нови модели паметни рачни часовници, нови ајпад „Ер“ и помалиот „Хоум-под“.
Американскиот технолошки гигант предвидува дека со тоа, испораките ќе достигнат до 80 милиони единици оваа 2020 година.
Епл се подготвува за пуштање во продажба на две нови верзии „Епл воч“ и првите слушалки од брендот „Битс“.