„Епл“ ја презакажа презентацијата на новите модели Ајфон за крајот на октомври


Компанијата „Епл“ ја презакажа планираната презентација на новите модели паметни телефони Ајфон за еден месец подоцна, односно кон крајот на октомври.

Како што соопшти изданието Бизнис инсајдер, во октомври ќе биде претставен моделот Ајфон 12 со работа на 4Г мрежата, а во ноември ќе биде претставен паметниот телефон што работи на 5Г мрежата.

Според американските медиуми, одложениот датум на промоција се должи на временото запирање на работата на фабриките во Кина поради коронавирусот.

Блумберг дознава дека „Епл“ годинава ќе ги претстави четирите паметни телефоини: Ајфон 11 про и Ајфон 11 про макс, додека останатите два се следните верзии на основниот модел Ајфон 11. И ова издание потврди дека презентацијата на новите модели, која традиционално се одржува во септември, може да се помести за неколку недели.