Епидемиолошката слика во Белгија слична на онаа пред вториот бран


 Кризниот штав за Ковид-19 во Белгија денеска предупреди дека епидемиолошката состојба е загрижувачка и наликува на онаа пред почетокот на вториот бран во октомври минатата година.

Бројките продолжуваат да растат, регистрирано е зголемување од 41 отсто на новозаразени, зголемување од 1,7 отсто на починатите, и зголемување од 22 отсто на хоспитализациите.

-Во болниците имаме два пати повеќе пациенти на интензивна нега отколку пред пет недели. Ова се големи бројки, од иста големина како тие што ги имавме во септември, почеток на октомври пред почетокот на вториот бран, изјави портпаролот на кризниот штаб, Ив Ван Латем, но порача дека зголемувањето за сега не е експоненцијално, што е главната разлика помеѓу сегашната состојба и состојбата пред вториот бран.

Властите уште еднаш ги повикаа сите да ги почитуваат и практикуваат мерките за спречување на заразата од Ковид-19 како единствен начин да се избегне трет бран.