Епидемиолошката ситуација во Србија повторно загрижува – денеска речиси 2.500 новозаразени


 

Епидемиолошката ситуација во Србија повторно загрижува. Делта варијантата на корона вирусот, која е позаразна, ги полни болниците ширум светот, па и во Србија.

Во последните 24 часа во Србија откриени се 2.454 случаи со корона вирус. Починаа седум пациенти. На респиратор се 58 пациенти, 1.057 луѓе се во болници.

Во моментот најважно е прашањето на вакцинација на младата популација, а директорот на Здружението на производители на иновативни лекови Бојан Тркуња, вели дека не постои разлика во составот на вакцините кои би ги примиле возрасни и оние за деца.

„Не постои разлија во составот на вакцината која би ја примил возрасен или дете, а кога се децата во рпашање битно е да се види што вели СЗО – секако дека возрасните се приоритет, но има и деца кај кои постојат одредени коморбидитети кои и тие лица ги прават суспектни за развој на тежок облик на болеста па логично е таквите деца да се вакцинираат“, вели Тркуња.