Tелефонски разговор Зеленски – Рама за соработка во одбраната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски на платформата Х објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Албанија Еди Рама, со кого разговарале за повеќе прашања.

Нарекувајќи го голем пријател на Украина, Зеленски наведува  дека му се заблагодарил на Рама што го потврдил своето учество на претстојниот Меѓународен мировен самит што е предвиден да се одржи во Швајцарија на 15 и 16 идниот месец. 

Исто така разговарале и за тековната соработка меѓу Албанија и Украина во областа на одбраната.

– Разговарав со албанскиот премиер Еди Рама, голем пријател на Украина, за претстојниот мировен самит и му се заблагодарив за потврдата дека Албанија ќе учествува. Го информирав  премиерот Рама и за воената ситуација, поточно за одбраната на регионот Харков. Разговаравме и за нашата тековна соработка во одбраната,  пишува Зеленски.