Експлозија на бомба во Минхен, има повредени


Кај железничка станица во Минхен се случи експлозија на бомба, соопшти полицијата.

Експлозијата се случила за време на градежни работи, кај станицата, а повредени се три лица, од кои едно потешко.

Медиумите пренесуваат дека бомбата била од Втората светска војна, а работниците случајно ја активирале.

Сопрен е железничкиот сообраќај, а полицијата вели дека нема опасност по околното подрачје.