Експерт открива во која година од животот сме најголеми оптимисти

За многу луѓе, се чини дека како што старееме, оптимизмот опаѓа. Сепак, дали е тоа навистина точно?
Претходните истражувања покажаа дека розовите очила што ги носиме во младоста, односно оптимизмот, подоцна во животот се претвораат во цинизам. Но, најновата студија покажа дека оптимизмот се зголемува како што растеме и старееме.
Некои луѓе се природно оптимисти, додека на други им е потребна мала помош за почесто да ја гледаат поволната страна на животот.
По истражувањето на повеќе од илјада волонтери од 26 до 71 година, се покажало дека луѓето се попозитивни во постарите години, а најмногу на околу 55 години. Исто така, беше утврдено дека позитивните настани во минатото влијаеле на пооптимистички став подоцна во животот, додека негативните настани немале такво влијание врз појавата на песимизам.
Сепак, научниците тврдат дека нивото на среќа што го чувствува човекот зависи од повеќе фактори, а еден од нив е материјалната состојба, здравствената состојба и самиот факт каде живее.