ЕХФ: Манасков го постигна голот на колото во Лигата на шампиони (видео)
Погодокот што ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, го постигна на асистенција на голманот Никола Митревски во дуелот против Барселона е најдобар гол на натпреварите од петтото коло во Лигата на шампиони, објави денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Еурофарм Пелистер загуби во средата во Битола од Барселона со 30-34, а најубавиот момент на натпреварот се случи во последната минута кога Манасков на додавање од Митревски ефектно го совлада голманот на актуелниот светски првак.
Со два бода од воведните пет кола Еурофарм Пелистер е на претпоследното место на табелата во групата А, пред дуелот, в четврток, на гостински терен против лидерот Магдебург.
🔥 𝙏𝙊𝙋 5 𝙂𝙊𝘼𝙇𝙎 – Round 5 powered by Gorenje!
1️⃣ Dejan Manaskov – HC Eurofarm Pelister
2️⃣ Mathias Gidsel – Füchse Berlin
3️⃣ Martim Costa – Sporting Clube de Portugal
4️⃣ Lazar Kukic – OTP Bank-PICK Szeged
5️⃣ Felix Claar – SC Magdeburg#ehfcl #CLM #handball pic.twitter.com/ZVZpxxXnmg— EHF Champions League (@ehfcl) October 17, 2025