Егзекутиран иранскиот шампион во борење Навид Афкари
Иранскиот шампион во борење Навид Афкари е погубен откако беше осуден за прободување до смрт на чувар за време на антивладините протести во 2018 година, соопштија во саботата државните медиуми. Афкари беше погубен „утрово откако беа спроведени правни постапки на инсистирање на родителите и семејството на жртвата“, рече за медиумите шефот на одделот за правда во јужната провинција Фарс.
Случајот привлече меѓународни реакции. Според неговото семејство и активисти, Афкари изјавил дека бил измачуван за лажно признавање, а неговиот адвокат вели дека нема докази за неговата вина. Иранското судство ги негираше тврдењата за тортура.
Глобалниот сојуз што претставува 85.000 спортисти во вторникот повика на исфрлање на Иран од светскиот спорт доколку го погуби Афкари. Американскиот претседател Доналд Трамп исто така го повика Иран овој месец да не го погубува борачот. (Ројтерс)