Единаесет претседатели, меѓу кои и Пендаровски, го оценија ракетирањето на Украина како воено злосторство


 

Масовните бомбардирања на украинските градови од страна на Русија претставуваат воени злосторства според меѓународното право, изјавија во вторникот претседателите на групата држави од групата Букурешт девет, придружувани од претседателите на Македонија и Црна Гора.

„Ние, претседателите на Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија и Словачка ги осудуваме масовните бомбардирања на украинските градови извршени неодамна од Русија, кои претставуваат воени злосторства според меѓународното право. “, се вели во соопштението.

Русија ги нарекува своите дејствија во Украина „специјална операција“ за која вели дека не е дизајнирана да окупира територија, туку да ги уништи воените капацитети на јужниот сосед. Негираше дека намерно нападнал цивили. (Ројтерс)