Еди Редмејн е стилската ѕвезда на црвените килими


САД-Помина времето кога актерите шетаа по црвениот ќилим облечени во црн смокинг само затоа што тоа беше единствената облека што се сметаше за прифатлива за машките филмски ѕвезди  пред блицовите на фотоапаратот. До неодамна, само екстремните ѕвезди се осмелија да носат неконвенционална облека на црвениот ќилим. Сега, ѕвездите од Холивуд ни даваат поеклектични изгледи за кои всушност вреди да се зборува.

На „Златен глобус 2023“

Годинава, во сезоната на филмски награди кои ќе се заокружат со најважната филмска ноќ- доделувањето на Оскарите на 12 март во лос Анџелес, во отсуство на Тимоти Шаламе, актерот Еди Редмејн е стилската ѕвезда која воодушевува со изборот и храброста на црвените килими, почнувајќи од Златен Глобус, до наградите САГ. 

На БАФТА 2023

Елегантниот, минималистички изглед во Александар Меквин, пред една недела на наградите на Британската филмска академија во Лондон го донесе на листите за најдобро облечени на Холивуд Репортер, Есквајр и Вог.

Синоќа,  на 29-тото доделување на наградите SAG во Century City,  каде беше номиниран за најдобра споредна машка улога за „„The Good Nurse’“ избра кадифен изглед на  Сен Лоран и пак воодушеви.