Еден турист загина во напад на ајкула во Египет, а друг е повреден


Каиро – Еден турист загина, а друг е повреден во напад на ајкула во египетското одморалиште Марса Алам, соопшти денеска египетското Министерство за заштита на животната средина.

Идентитетот на нападнатите туристи се уште не е објавен.

Марса Алам се смета за едно од поновите одморалишта во Египет, а се наоѓа на западниот брег на Црвеното Море.