Еден напиток може да ви помогне да не се здебелите за време на божиќните празници


Сезоната на празници е во тек, а тоа значи дека повеќето од нас малку се опуштиле кога станува збор за храна и пијалок. На крајот на краиштата, кој би можел да одолее на сите тие слатки и други задоволства, а да не зборуваме за руска салата, скара и слично…

Меѓутоа, ако сте решени брзо да се ослободите од вишокот од празниците или да не стекнете премногу тежина за време на Божиќ, можеби не е лоша идеја да вклучите моќен пијалок во вашата рутина што помага побрзо согорување на маснотиите. Зборуваме за чај од каранфилче, и иако овој зачин најчесто се користи за засилено вино, би ве изненадило да знаете дека може да помогне и во забрзувањето на метаболизмот.

Наводно отстранува и до 5 кг ако го консумирате редовно, а препораката е 2 пати на ден. Секако, во животот не треба да претерувате со ништо, а советот е секогаш да паузирате после месец или неколку недели.

Пијте по една шолја наутро на празен стомак, а навечер пред спиење. Исто така, се препорачува вечерата да ви биде најдоцна до 7 часот навечер, како и покрај овој моќен чај да воведете и некоја форма на физичка активност, дури и да е само прошетка.

Одредени студии покажаа дека 10.000 чекори дневно можат да ви помогнат да се ослободите од масните наслаги, а во комбинација со горенаведениот чај кој го исфрла вишокот вода и токсините во телото, нема шанси резултатите да пропаднат.

Ви ги пренесуваме двата рецепти за пијалоци за слабеење, а запомнете дека идеално се консумираат млаки.

Наутро – чај од каранфилче

Потребно:

Неколку каранфилчиња

Подготовка:

Сварете неколку каранфилчиња (до 5) во чаша вода или само прелијте ги и оставете ги да отстојат петнаесет минути. Процедете и консумирајте на празен стомак.

Навечер – каранфилче, ѓумбир, цимет и лимон/лимета

Потребно:

Неколку каранфилчиња, мало парче ѓумбир, лимон, стапче цимет

Подготовка:

Горенаведените состојки и оставете да зовријат, а потоа, откако ќе отстојат малку, конзумирајте навечер, на празен стомак.